Search

Црвен аларм поради опасност од ерупција на вулканот Агунг

Црвеното предупредување значи дека се предвидува непосредна ерупција, со значителна количина пепел.

Индонезиските и регионалните власти издадоа „црвен аларм“, предупредување поради опасност од вулканот Агунг, кој исфрла пепел до 6.000 метри во висина.

Црвеното предупредување значи дека се предвидува непосредна ерупција, со значителна количина пепел.

Патиштата на овој остров, популарен меѓу туристите, како што јавуваат локалните медиуми, се покриени со пепел, како и автомобилите и зградите кои се наоѓаат во близина на вулканот.

Ескперт од Агенцијата за вулкански и геолошки катастрофи вели дека вулканот исфрла пепел, но ситуацијата мора да се следи поради можноста од силна ерупција.

Сепак, властите соопштија дека аеродромот засега ќе остане отворен додека пепелта може да се избегне.

Вулканот на индонезискиот туристички остров Бали проработи вчера, вторпат за една недела.

Како што наведуваат локалните медиуми, 25.000 лица не можат да се вратат во своите домови од септември, кога вулканот на Агунг првпат даде знаци на активирање, по повеќе од половина деценија мирување. 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави