Search

Бејли со критики за работата на Советот на јавни обвинители

Бејли со критики за работата на Советот на јавни обвинители

Американскиот амбасадор, Џес Бејли ја критикуваше работата на Советот на јавни обвинители. Посочи дека ова тело при последниот избор на обвинители покажало целосна нетранспаретност. За Бејли спорните одлуки на Советот биле доволни јавноста да ја изгуби довербата во оваа институција. На крајот од јануари за обвинителка во обвинителството за организиран криминал беше избрана внуката на Коле Штериев кој е претседател на Советот. На истата седница за обвинителка во обвинителството за организиран криминал не беше избрана Лидија Раичевиќ, која кривично гони сопруг на член на Советот, за перење пари во случајот „Банки“.

Еден јавен обвинител член на Советот учествуваше во донесување одлука за назначување на обвинител. Тој обвинител истражуваше близок член на семејството на тој член на Советот на обвинители. Учеството на тој член на Советот во оваа одлука ми се чини претставува јасен конфликт на интереси“, изјави Џес Бејли, Амбасадор на САД во Македонија

Џес Бејли острите критики за Советот на јавни обвинители ги кажа на денешната конференција во Собранието за владеење на правото во земјите од Западен Балкан. На дебатата присутен беше и претседателот на ова тело, Коле Штериев, кој веднаш по говорот на Бејли си замина.

 

Треба да знаете
Последни објави