Search

Amazon се подготвува да ги прошири своите безготовински продавници?

Безготовинските продавници на американскиот интернет-гигант (Amazon Go) ќе се појави на шест нови локации во најмалку два града во оваа година.

Три од новите локации ќе бидат во Сиетл и веќе се избрани од компанијата, како и еден во Лос Анџелес. Продавницата во Лос Анџелес ќе биде дел од „The ​​Groove“, огромен трговски центар, коментираат извори за „Recode“.

Не е јасно дали „Amazon“ ќе отвори продавници во други региони во оваа година, но можноста за тоа да се случи е многу голема.

Од „Amazon“ одбија да разговара повеќе за оваа тема за „Business Insider“, велејќи дека не сакаат да коментираат за „гласини и шпекулации“.

Првиот „Amazon Go“ беше отворен во јануари 2018-та година, по долгите тестирања на своите системи, каде што продавницата беше отворена само за вработените во „Amazon“.

Локалните жители беа возбудени да проверат какво е искуството во новата продавница, што беше причина за долгите редици пред трговскиот објект. Клиентите влегуваат во продавницата со скенирање на код на нивниот телефон кој ја отвора нивната бариера и им овозможува да влезат внатре.

Внатре корисниците можат да најдат различни производи со брендовите на компанијата, како „Happy Belly“ и „Whole Foods 365“. Луѓето едноставно се шетаат низ продавницата, ги прибираат производите кои сакаат да ги земат за дома, а конечно им се фактурирани преку технологија која не бара поминување низ каса

Треба да знаете
Последни објави