Search

Aвтомобил удри во оградата на мостот „Гоце Делчев“ – тројца повредени

Автомобил марка БМВ вчера попладне удрил во оградата на мостот „Гоце Делчев“, а три лица побарале помош во болница.

Од полицијата  потврдуваат дека на мостот „Гоце Делчев“ во 17.20 часот БМВ со скопски регистарски ознаки удрило во оградата од мостот.

Во возилото биле возачот и двајца сопатници.

Тројцата побарале помош во „Св. Наум Охридски“.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денешниот ден.

Треба да знаете
Последни објави