Search

Таткото на Меган не престанува да шокира:Таа пати,тоа не е вистинска среќа,знам…

Томас Маркл, татко на Меган Маркл, новопечената сопруга на принцот Хари и војвотка од Сасекс, вели дека според однесувањето на својата ќерка гледа дека таа “тешко излегува на крај” со обврските во кралскиот начин на живот.

Како што вели, таа одбива да разговара со него и дека не се слушнале уште од венчавката, кога неговата ќерка последен пат му се јавила да го праша како закрепнува од операцијата на срцето.

“Мојот моментален впечаток е дека мојата ќерка е преплашена од животот кој моментално го види”, рекол таткото на војвотката, додавајќи дека нејзините очи кријат длабока трага.

Таткото на Меган рекол и дека нејзината насмевка, иако делува убаво и заносно, всушност е вкочанета и лажна.

“Знам како се смее од раѓање. Не е тоа тоа, не е тоа вистинска среќа”, рекол Томас, кој не крие дека Меган по последниот повик престанала дури и да одговара на неговите пораки.

Двајцата претходно, додека не станала дел од кралското семејство, не се гледале често, но никогаш немале толку долг прекин во комуникацијата.

Треба да знаете
Последни објави