Search

Сега е моментот, не можете да чекате нов договор за името порача Нимиц

Поминаа 25 години, а може да поминат уште толку пред нов договор доколку овој не помине, вели посредикот на ОН во спорот за името Метју Нимиц.

За него, идејата за долготрајно чекање и неспроведување на договорот е многу ризична.

На оние во вашата држава што велат ‘ајде да почекаме, да оставиме уште неколку години, ќе имаме подобар договор во иднина’, jас им велам ‘Не знаете тогаш каде ќе биде ЕУ, дали ќе сакаат уште една членка, дали ќе сакаат тоа да биде вашата држава, не знаете каде ќе биде НАТО, не знаете што ќе се случи во Грција со смената на власта, не знаете што ќе се случи во регионот. Идејата за долготрајно чекање е многу ризична“, кажа медијаторот Метју Нимиц.

За договорот да биде спроведен, треба да помине референдумот, да се усвојат уставните измени и потоа грчкиот парламент да го ратификува.

Нимиц посочи дека според него станува збор за фер и чесно решение за двете страни. Ако тоа не се спроведе сега, тој смета дека тешко би имало ново прифатливо решение во догледно време.

Треба да знаете
Последни објави