Search

Ограбен таксист во Скопје

Ограбен таксист во Скопје

Шеесетгодишен таксист вчера во полиција пријавил дека бил ограбен од две непознати лица.

Како што соопшти МВР, синоќа во 21.00 часот во СВР Скопје, С.К. (60) од Скопје пријавил дека непосредно пред јавувањето на ул. „Плачковица“ две непознати лица му извршиле разбојништво.

Сторителите, кои биле патници во неговото такси возило, со употреба на физичка сила и со закана по неговиот живот му одзеле 2.000 денари и побегнале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави