Search

Меркел: На 30 септември не седете дома, имате историска шанса

Меркел: На 30 септември не седете дома, имате историска шанса

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска повика на 30 септември граѓаните да ја искористат можноста  и на овој, како што го нарече „историски ден“ да не останат дома, туку да излезат и да кажат каква иднина сакаат за својата земја.

-Не сакам да се мешам во одлуката на вашите граѓани, но од сопстевно искуство можам да кажам дека ова е шанса која една генерација ја има само еднаш во животот. Не останувајте дома на ваков историски ден и искоритете ја вашата можност да го кажете она што го мислите, рече Меркел на заедничката прес конференција со премиерот Зоран Заев.

-Вие скако граѓани на оваа земја треба да одлучите за иднината на вашата земја. Доколку има позитивен исход од референдумот иднината би можела да биде да станете земја членка на НАТО и дел од семејството на ЕУ. За тоа мора да е исполнети предуслови. Постои спор меѓу вашата земја и Грција и мораше да се најде решение инаку немаше членство. И затоа овие две прашања се тесно поврзани. Без решение на овие две работи. Тоа не е поврзно со закана. Оваа поврзаност не конструирана од Владата, туку дека сите земји членки треба да гласаат за тоа. Затоа таа поврзнаост мора да биде јасна, рече Меркел, додавајќи дека на 30 септември граѓаните имаат можност како пред 27 години да гласаат, но овој пат за отворање на вратата кон ЕУ и НАТО. А тоа, како што рече бара истовремено прифаќање на Договорот со Грција, односно спроведување на овој Договор, без каква било закана.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа рече дека денеска нема да има средба со претседателот на државата Иванов, туку само лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, со кого како што рече ќе разговара за истите работи како и со премиерот и ќе му укаже дека дека во една демократија за клучните прашања треба се сноси заедничка национална одговорност.

Треба да знаете
Последни објави