Search

Европски ден на статистиката: Македонија е посветена на имплементирање на ЕУ вредности

Европски ден на статистиката: Македонија е посветена на имплементирање на ЕУ вредности

Република Македонија е посветена на имплементирање на европските вредности и денеска на одбележувањето на Европскиот ден на статистика ја потпиша Декларацијата за посветеност на довербата во официјалната статистика. Декларацијата ја потпишаа премиерот Зоран Заев.

– Националниот статистички систем во Македонија се развива и понатаму ќе се развива во согласност со правилата и стандардите  на европскиот статистички систем. Државниот завод за статистика денес претставува синоним за независна институција која постојано ги унапредува и модернизира своите истражувачки процеси и методологии согласно европските пракси и стандарди, истакна премиерот Заев.

Спроед премиерот, потпишувањето на Декларацијата претставува симболичен чекор напред поблиску до стратешката цел на РМ членство на земјата во ЕУ и НАТО.

Тој потенцира дека веродостојните статистики се неопходен услов за креирање одржливи политики и научни истражувања базирани врз докази и добра функционирална демократија.

– Во таа смисла, додаде, кредибилитетот на националниот статистички систем е еден од неопходните услови за доверба во мерките на политиките што ги усвојува и спроведува Владата на РМ, но и за научните анализи, истражувањата и трудовите што произлегуваат од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и другите научно образовни установи.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски порача дека статистичките податоци не се само обични бројки, тие се патоказ за креирање на подобро утре

Важноста, како што додаде,  е во точни и квалитетни статистички податоци.

– Денес статистичките податоци претставуваат патоказ и средства за креирање на тоа подобро утре за кои сме одговорни сите во својот делокруг на работењето, рече Симовски.

Директорката на Евростат маариана Коцева посочи дека лично верува во моќта на објективна статистика што може да го направи светот подобро место.

– Статистиката ни овозможува да донесуваме и формираме одлуки што ја обликуваат нашата иднина, нашите животи без оглед каде живееме, дали е тоа Скопје, Луксембург, рече Коцева.

Претседателот на МАНУ Фити истакна дека економистите често пати искажуваат незадоволство од официјалната статистика во РМ во смисла на богатството на статистичките индикатори за одделни подрачја од економската активност, за квалитетот на податоците, за нивната споредливост со индикаторите од други земји, за отсуството на регионални статистики, важни за локалниот економски развој.

– Се разбира, посочи, добар дел од овие забелешки стојат, но заради објективност, мора да се каже дека во периодот по осамостојувањето на РМ, Државниот завод за статистика, а и други институции, НБРМ, Министерството за финансии и други постигнаа значаен успех во подобрувањето на статистиките поврзани со макроекономските индикатори и со креирање и спроведување на клучните макроекономски политики, рече Фити и додаде дека пред официјалната статистика стојат уште многу други предизвици кои ќе бараат континуиран напор за збогатување на статистичките индикатори, не само во сферата на макроекономските политики.

Министерот за финансии Драган Тевдовски потенцира дека статистичките податоци се предуслов за носење  квалитетни одлуки и оти еден од приоритетите на Министерството за финансии, како дел од националниот статистички систем, е да произведе поквалитетни податоци и истите да се направат подостапни за граѓаните и институциите.

– Покрај квалитетот на податоците, работиме и на зголемување на транспарентноста и достапноста на истите. Транспарентноста е важен инструмент за подобрување на ефикасноста на јавните финансии. Изминатава година преземавме низа чекори за да ги направиме податоците подостапни за јавноста, рече Тевдовски.

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска – Бежоска истакна говорејќи за предизвиците за статистиката по глобалната криза низ призмата на централните банки рече дека таа покажала значителни статистички празнини.

– Кризата јасно покажа како несоодветната регулација и прекумерното преземање ризици во финансискиот сектор во развиените економии може да доведат до несогледливи последици во реалниот сектор, во национални, но и во глобални рамки, истакнувајќи ја потребата за подобро разбирање на врските помеѓу финансискиот и реалниот сектор, како и на прекуграничните врски во контекст на сѐ поголемата глобализација. Фактот што корените на глобалната криза беа токму во финансискиот сектор навестува дека голем дел од посткризните потреби за промени во статистиката ги допираат токму централните банким рече Ангеловска Бежовска.

Таа порака дека преку обезбедување богат, квалитетен, навремен и меѓународно усогласен сет статистики, даваме придонес кон повисоки општествени цели, а тоа е носење одлуки засновани врз факти заради зголемување на општествената благосостојба.

Декларацијата со усвојувањето се приклучи на земјите кои веќе ја имаат потпишано како што се Шведска, Словенија, Ирска, Белгија, Грција, Романија, Црна Гора и Албанија

Треба да знаете
Последни објави