Search

Детали за несреќата на улицата Теодосиј Гологанов – едно лице почина

Детали за несреќата на улицата Теодосиј Гологанов – едно лице почина

Детали за тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера на улицата Теодосиј Гологанов. Како што стои во билтенот на МВР вчера околу 16.00 часот на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Крузер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(61) од Скопје и моторцикл „Дукати“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(32) од Тетово.

Во незгодата се тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и сопатникот Н.Д.(31) од Тетово.

Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Околу 17.30 Г.Д. им подлегнал на повредите, додека Н.Д. е задржана на лекување и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави