Search

Го прашале што си по националност настанала драма-полицијата интервенираше во Сингелиќ

Го прашале што си по националност па настанала драма – полицијата интервенираше во Сингелиќ

Група момчиња доцна попладнево била нападната од поголема група насилници на автобуската станица во Сингелиќ откако на прашањето „Што си ти, Албанец или Македонец“, одговориле искрено. Тие го чекале автобусот со број „65“ да пристигне на станицата за да се вратат дома по одиграниот кошаркарски натпревар.

До тепачката дошло откако еден од насилниците, запрашал едно од момчињата што е по националност. Откако момчето одговорило дека е Македонец, насилниците го нападнале по што настанала општа тепачка.

Дел од момчињата кои чекале автобус се јавиле на своите пријатели и родители. Истото го направиле и групата насилници, по што ситуацијата земала полош тек.

Тензијата траела речиси цел час пред да пристигне полицијата, која сеуште врши увид и разговара со вмешаните во тепачката.

Подетални информации сеуште нема.

Треба да знаете
Последни објави