Search

Џафери со пневмонија на Инфективна, немал Ковид 19

Собранискиот спикер Талат Џафери, денеска бил примен на Инфективната клиника при Универзитетскиот клинички центар во Скопје „Мајка Тереза“, објави „360 степени“.

Информацијата ја потврдиле и од неговата матична партија, ДУИ.

– Примен е на системска контрола. На тестирањето за ковид-19 е негативен, велат од ДУИ.

И од неофицијални извори, „360 степени“ дознава дека Џафери бил негативен на тестот за Ковид-19, но дека повеќе симптоми укажувале на присуство на вирусот. Тој e во стабилна состојба, но има пневмонија.

Џафери во вторникот за порталот „Плусинфо“ изјави дека се тестирал за Ковид-19 и дека тестот му е негативен. Најави дека ако треба ќе направи уште еден тест, пред одржувањето на конститутивната седница на Собранието.

Треба да знаете
Последни објави