Search

Уапсен Емил Јакимовски

Новинарот Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и сопственик на интернет портали е уапсен денеска по неколку случаи на семејно насилство, но и закани. Тој и пред одреден период беше приведен поради сличен инцидент.

Јакимовски во изминатиов период беше во центарот на внимнието на јавноста по заканите и навредите кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска.

Освен новинарките, закани примал и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Јакимовски пред неколку дена беше на распит во полицијата, но заради искз во врска со заканите за новинарките.

Откако новинарките ги обелоденија заканите, директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска- Јанковски му врачи отказ на Јакимовски поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор. Јакимовски им се заканувал и на негови колеги.

Треба да знаете
Последни објави