Search

Трамп заврши во болница

Претседателот на САД, Донал Трамп кој е позитивен на коронавирусот завршил во болница смо 24 часа откако е потврдено со тест дека е инфициран од опасниот вирус, пренесува ББЦ.

Како пренесува истиот извор Трамп е згрижен во Националниот воено медицински центар  Волтер Рид каде е префрлен со воениот хеликоптер.

Претседателот Трамп и понатаму е во добро расположение, има благи симптоми и работел во текот на денот. Како мерка на претпазливост и по препорака на неговиот лекар и медицинските стручњаци претседателот на САД наредните неколку денови ќе ги извршува работните задачи од канцеларијата во Волтер Рид – соопшти портпаролот на Белата куќа.

Позитивна на коронавирусот е и сопругата на Доналд, Меланија Трамп.

 

Треба да знаете
Последни објави