Search

Трамп добил кислород во Белата куќа пред да биде префрлен во болница

Повеќе извори потврдија дека Доналд Трамп добил дополнителен кислород во петокот пред да биде пренесен во медицинскиот центар „Валтер Рид“, што е последниот во низата контрадикторни извештаи кои предизвикаа сомнежи во врска со транспарентноста на Белата куќа и загриженоста за вистинската состојба на здравјето на американскиот претседател.

Лекарот на Трамп, Шон Конли, го заобиколи прашањето дали Трамп некогаш примил кислород како резултат на дијагнозата на корона вирусот. Но, Асошиетед прес, „Њујорк тајмс“ и Си-ен-ен потврдија дека Трамп добил дополнителен кислород додека бил во Белата куќа, повикувајќи се на неименуван извор кој не бил овластен да зборува јавно за ова прашање.

Конфузијата започна порано во саботата, кога неименуван извор изјави за прес-групата во Белата куќа дека Трамп минал низ многу загрижувачки период во петокот и следните 48 часа ќе бидат критични… само неколку моменти пред лекарите на Трамп да претстават далеку порозова слика во нивниот брифинг пред камера.

Новинарката на „Њујорк тајмс“, Меги Хаберман, која има многу добри врски во Белата куќа, напиша дека во целиот негов живот претседателот имал фобија околу болести и претпазлив да оди во болница, според изјавите на луѓето кои го знаат лично или работеле со него. Тој никогаш не сакал да оди во болница ако се чувствува релативно добро.

Треба да знаете
Последни објави