Search

Суспензија и дисциплинска постапка против советникот на Чулев за инцидентот со тетовскиот началник

Дополнителниот заменик-министер во МВР Славјанка Петровска, инфомираше дека е поведена постапка против Зоран Ѓорѓиевски, советник во Кабинетот на техничкиот министер Наќе Чулев за инцидентот со началникот на Единицата за безбедност во сообраќај во СВР Тетово, Зоран Талев.

-Во врска со несоодветно и насилничко однесување на припадникот на МВР, Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ги заврши потребните проверки за настанот во Тетово кој се случи на 15.07.2020 год при што констатира дека постои основано сомнение дека полицискиот службеник, државен советник за полициски и криминалистички работи на министерот за внатрешни работи сторил кривично дело насилство по член 386 став1 и малтретирање при вршење служба по член 143 од КЗ за што против истиот до ОЈО ГОКК – Одделението за гонење на сторите на кривични дела на лица со полициски овластувања поднесена е кривична пријава.Против државниот советник поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и истиот ќе биде суспендиран од работното место до завршување на дисциплинската постапка во МВР,  инфомираше Петровска.

Треба да знаете
Последни објави