Search

Следните 48 часа се клучни за Трамп

По обраќањето на лекарите кои рекоа дека американскиот претседател Доналд Трамп се чувствува добро, неименуван, добро информиран извор рече дека „виталните функции на претседателот во последните 24 часа се загрижувачки и дека следните 48 часа ќе бидат клучни”.

Трамп сè уште не е на патот кон целосно закрепнување, изјави изворот кој побарал да остане неименуван, пренесува Си Ен Ен.

Претходно, медицинскиот тим на Трамп соопшти дека тој е добро, дека не е на кислород и дека немал температура последните 24 часа.

Треба да знаете
Последни објави