Skip to main content
Економија

СДСМ со предлог закон: Нула проценти ДДВ за прехранбените производи

04/11/2024  12:45

СДСМ ќе поднесе предлог измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност, со крајна цел, сериозно да поевтинат прехранбените продукти, најави денеска претседателот на партијата Венко Филипче

Лидерот на опозицијата смета дека ова законско решение ќе донесе реални заштеди во месечните трошоци на граѓаните, имајќи предвид дека најголем дел од трошоците отпаѓа на ставката храна.

„Учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка е 23.000 денари. Со нула проценти ДДВ, заштедата на граѓаните месечно ќе биде од 1.200 до 2.000 денари. Што е најважно, за спроведувањето на Предлогот на законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата“ додаде тој.