Skip to main content
Свет

Градоначалник во Турција и неговиот возач убиени во престрелка, тројца се повредени

04/11/2024  12:42

Градоначалникот на Балашеих, и неговиот возач загинаа денеска во воружен напад. Ова го соопшти гувернерот на централниот турски округ Мехмет Макас, цитиран од Си-Ен-Ен Турк, додавајќи дека во нападот биле повредени уште три лица.

Хилми Шен (50) бил тешко ранет во престрелката, но подоцна им подлегнал на повредите. Во вооружениот напад загинал и Микаил Челикол, шофер на Шен, а три лица се повредени и сите се примени во болница.