СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 24. октомври 2024 година (четврток) поради официјалната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот во поширокото централно подрачје на градот.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе неопходни мерки за регулирање на сообраќајот во овој период, со цел да се обезбеди безбедна и непречена посета на високата делегација.
Во тој контекст, СВР Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите и упатствата издадени од полициските службеници и да бидат трпеливи, бидејќи можни се привремени затворања или пренасочувања на одредени сообраќајници. Вашата соработка е од големо значење за успешна организација на настанот и одржување на јавниот ред и мир.