Search

Опозицијата побарала дополнително време да ги разгледа измените на Законот за заштита од заразни болести

На барање на опозицијата на денешната 18. собраниска седница не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, којшто треба да бидат основа за спроведување нови мерки за заштита од коронавирусот.

Од пратеничката група на СДСМ посочуваат дека опозицијата побарала време да го разгледа бидејќи имале сомнеж во некои одредби.

Од ВМРО-ДПМНЕ, потврдуваат дека побарале пред да се изјаснат за законот да го разгледаат и да дадат свои предлози. Од опозициската партија велат дека сакаат да дадат свој придонес и поддршка во напорите за справување со Ковид-19.

Законот, би се нашол на дневен ред на следната собраниска седница на 27 октомври, кога се очекува на работа да се вратат и двајцата пратеници позитивни на Ковид – 19 од мнозинството, Лазе Танески и Исмаил Јахоски.

На собранискиот сајт во предлог-дневниот ред за денешната 18. седница како последна точка беше ставен и овој закон, но на седницата немаше образложение зошто тој денеска не се става на дневен ред.

Треба да знаете
Последни објави