Skip to main content
Македонија

Одбележување на Европската недела на безбедност и здравје при работа

25/10/2024  07:49

Во организација на Министерството за економија и труд, Советот за безбедност и здравје при работа и Канцеларијата на фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје денеска ќе се одбележи Европската недела на безбедност и здравје при работа. 

Како што информираат од Министерството за економија и труд, на одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа ќе се обратат министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, претседателката на Советот за БЗР Јасмина Чалоска,  програмскиот менаџер на Фондацијата ФЕС  Ваљон Садики, националниот координатор на Меѓународната организација на труд Емил Крстаноски, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и претседателката на ОРМ Владанка Трајковска.

На настанот ќе биде доделена Националната награда за компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР – 2024.