Search

Мобилни тимови за поддршка на ранливите групи граѓани во Општина Карпош

Мобилните тимови на Општина Карпош и Црвениот крст, изминатиов период посетија повеќе од 50 домаќинства и им обезбедија соодветна услуга (набавка на храна, лекови и хигиенски средства), како резултат на состојбата со Covid – 19 (коронавирус).

Се помага на најранливите групи, стари и изнемоштени лица, семејства со лице со попреченост, хронично болни и граѓани во изолација.

Примарната цел е овие граѓани да не излегуваат од своите домови, со цел да немаат контакт со други луѓе и да се спречи ширење на коронавирусот.

Преку ѕвонење на броевите 02/3068-806 и 071-349-230, граѓаните кои се дел од ранливата група можат да се регистрираат и да ја добијат соодветната услуга. Оваа услуга е бесплатна, а граѓаните единствено вршат наплата на продуктите кои сакаат да им се набават.

За овој проект, Општина Карпош одвои 50 илјади денари од својот Буџет, со цел да се обезбедат трошоците за волонтери и нивен превоз.

Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и мерките за заштита од коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави