Skip to main content
Хроника

Млад човек скокнал во Вардар бегајки од полиција

29/10/2024  16:59

На 28.10.2024, во 17:04 часот, во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, се случи инцидент во кој млад човек се здоби со тешки телесни повреди. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го легитимирале Ф.А. (24) од Скопје. По предадената лична карта, тој се обидел да побегне и се спуштил на патеката за пешаци покрај реката Вардар. Во обидот да избегне полициската контрола, Ф.А. скокнал во реката и се здобил со сериозни повреди. Полициските власти работат на расчистување на настанот и утврдување на сите околности.