Search

Ковачки мафташе со стари сметки па и се извинуваше на Петровска во Судот

Утрово во Основниот суд 2 на судењето иницирано од министерката за одбрана Славјанка Петровска за невистините што пратеникот Драган Ковачки ги изнеел против неа се одвиваше вистинска драма.

По сослушувањето на Славјанка Петровска, сослушан беше и Драган Ковачки. Тој сослушувањето го започна со копии од стари сметки за вода па откако остана без аргументи, почна да се извинува на Министерката Петровска за нанесена душевна болка за кажаните невистини кон неа. На ова реагираше неговата адвокатка која се обидуваше да го задржи фокусиран.

Дали некој и кој му подметнал лажни информации на Драган Ковачки, дали се работи за внатрепартиска местенка во ВМРО ДПМНЕ или само наивност на Ковачки, на крајот, разврска се очекува во периодот што следи.

Треба да знаете
Последни објави