Skip to main content
Свет

ИДФ погодиле пансион во јужен Либан во кој престојувале медиумски работници, тројца загинати

25/10/2024  07:55

Во израелски напад рано утринава, најмалку тројца медиумски работници се убиени во пансион во која престојувале уште неколку новинари, јавуваат либанските медиуми.

Меѓу нив има снимател и инженер кои работеле за проиранскиот медиум Ал-Мајадин и снимател кој работел за Ал-Манар на Хезболах.

Други новинари кои биле на местото на настанот изјавиле дека директно бил погоден бунгаловот во кој спиеле членови на споменатите медиуми, пренесува Ројтерс.