Skip to main content
Хроника

Жена прегазена на паркинг во Ѓорче

05/11/2024  13:46

Вчера во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Македонски војски“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(58) од Скопје, удрило во пешакот Т.Н.(74) од с.Вратница, тетовско.

MK Summit

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Н. констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопштија

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.