Search

Експертите со позитивни оценки за пописот, професионално спроведен

По 20 години Република Северна Македонија спроведе успешен попис согласно сите светски стандарди. Меѓународни признати експерти, меѓу кои и Данило Доленц од Словенија, даваат позитивни оценки за успешниот попис кој е карактеризиран како професионално спроведен.
Релевантните податоци добиени од пописот, даваат можност за прецизно и навремено креирање и реализација на мерки и политики.
Сега, институциите, државата па и компаниите имаат точни податоци за структурата на население, за развојот на општините и регионите, по што ќе можат да ги планираат идните политики и инвестиции.
Спроведениот попис е заеднички успех на државата, институциите и граѓаните кои дадоа свој придонес за успешно реализиран попис.

 

Треба да знаете
Последни објави