Search

Единаесеттиот авион со компоненти за С-400 пристигна во Турција

Единаесеттиот руски авион со нова тура компоненти за ракетните системи С-400 пристигна во Анкара, објави турското Министерство за национална одбрана, пренесува ТАСС.

„Испоралката на системите за воздушна одбрана С-400 во Турција продолжуваат. Единаесеттиот авион слета во воздухопловната база „Муртед“ во провинцијата Анкара”, рече министерството.

Испораките на руските ракетни системи С-400 во Турција почнаа на 12 јули.

На 14 јули турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го опиша договорот за С-400 со Русија како клучен договор во модерната историја на Турција. Тој истакна дека доставувањето на руските системи за воздушна одбрана може да се заврши до април 2020 година.

Првите извештаи за разговорите меѓу Русија и Турција за испораките на ракетните системи С-400 за противвоздушна одбрана се појавија во ноември 2016 година. Русија во септември 2017 година потврди дека е потпишан договор. Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, претходно изјави дека распоредувањето на С-400 може да почне во октомври 2019 година.

Извршниот директор на руската државна корпорација „Ростек“, Сергеј Чемезов, во декември 2017 година изјави дека договорот за С-400 изнесува 2,5 милијарди долари.

С-400 „триумф” е најнапредниот ракетен систем со долг дострел кој почна со употреба во Русија во 2007 година. Тој е дизајниран да уништува авиони, крстосувачки и балистички проектили, вклучувајќи проектили со среден дострел, а може да се користи и против копнени инсталации. С-400 може да гаѓа цели на растојание од 400 км и на височина од 30 км.

Треба да знаете
Последни објави