Search

Државата изби на прво место во светот по смртноста што го прави Филипче најнеспособен министер во светот

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Венко Филипче

„ Венко Филипче наместо министер е дилентат. Венко Филипче лаже дека е поминат пикот исто како што лажеше дека ќе има само 2000 заразени, а само досега има 60 000 заразени и бројката се зголемува. Македонија изби на прво место во светот по смртноста. Венко нека го види дијаграмот и нека одговори дали тоа не е точно. Филипче најнеспособен министер во светот, оставка веднаш

Денеска во Македонија имаме десетици починати секој ден, и секој ден е нов пик, а од почетокот на пандемијата до денес починати се вкупно 1630 луѓе. Тоа се наши блиски, браќа, сестри, родители или деца.

Филипче лошо се справува со кризата и е неспособен да го организира системот. Пациенти примаат инфузија во двор, лежат и примаат терапија до мртви, а стотици чекаат пред клиниките и со саати за да бидат тестирани.

За тестирање се чека и по неколку дена, а откако ќе се тестираат граѓаните чекаат исто толку долго за да добијат резултат. Откако ќе добијат резултат, нивната состојба често е и влошена, а болнички кревети нема и болниците низ државата се преполни.

Неспособноста на Филипче се огледа и во немањето на вакцини за сезонски грип во текот на целата есен.

Филипче нема концепт, а медицинскиот кадар е оставен сам да се справува. Здравството е буквално обезглавено.

Филипче наместо да шири демагогијаи да го брани Заев за националните катастрофи да се фати за работа во клиника, и да си даде оставка веднаш, само така ќе бидат спасени што повеќе животи.

Треба да знаете
Последни објави