Во два случаи во Куманово се нападнати двајца ученици и наставник.
Дваесет и седумгодишниот наставник М.Љ., кој работел во основно училиште во градот, вчера во 17 часот пријавил дека во угостителски објект едно лице му се заканило со остар предмет поради претходно недоразбирање со ученик.
Подоцна, во 21:05 часот, М.Б.(40) од Куманово пријавил дека наставникот М.Љ. го нападнал неговиот син кој учи во основното училиште.
Вториот случај за кој информираат од СВР Куманово е пријавен вчера околу 17:30 часот. Д.И, 41-годишен жител на градот пријавил дека наставникот Д.Д. го нападнал неговиот син. Полицијата работи на расчистување на случаите. Во училиштата често има и пријави за врсничко насилство.