Skip to main content
Магазин

Неверојатна глетка во Бразил: две реки се среќаваат, но не се мешаат

21/03/2026  21:47

Во близина на бразилскиот град Манаус се наоѓа природен феномен познат како „средба на води“ (Encontro das Águas), каде што се среќаваат две големи реки: темната Црна Река и светлата, песочно жолта Амазон.  

Од овој почетен дел реките продолжуваат да течат уште 60-ина километри пред водите целосно да се измешаат, иако разликата во бојата може да се забележи уште на 30-ина километри. Причината за овој необичен феномен се крие во разликата помеѓу реките – температурата на водата, брзината на текот и количината седимент во водата. 

Црна Река тече побавно, со брзина од речиси два километри на час, и е потопла, со температура на водата околу 28 степени. Од друга страна, Амазон тече значително побрзо, со брзина од четири до шест километри на час, а нејзината вода е поладна – околу 22 степена. Овие реки исто така се разликуваат и по нивниот состав. Светлата вода на Амазон е богата со седимент што доаѓа од Андите, а темната вода на Црна Река речиси и да нема седимент. Нејзината карактеристична темна боја се создава поради органските материи (распадните лисје и растенија од околните прашуми).

Сличен феномен на среќавање на водите може да се сретне и на други места во амазонскиот регион: градот Сантарем, Бразил, Икитос, Пуерто Малдонадо и во бразилскиот град Коари. Овој природен феномен претставува посебна можност за туристите и научниците да набљудуваат како разликите во температурата, брзината и составот на водата може да влијаат на текот на реките и создаваат впечатливи визуелни контрасти, кои траат со километри.