Search

Габриел Бајрам: Да не дозволиме овој тажен ден за семејството и ромската нација да биде оцрнет

Синот на починатиот пратеник, Амди Бајрам, Габриел преку Фејсбук повика да се почитуваат мерките и на погребот на неговиот татко да се носат маски и да се одржува дистанца.

-Пријатели поворката до вечното почивалиште на мојот татко Амди Бајрам ке тргне во 14.00 часот од нашата семејна куќа во Бутел. Согласно препораките Ве молам сите кои ќе бидат дел од поворката да држат соодветна социјална дистанца и задолжително да носат маски. Со почитувањето на овие препораки ќе покажеме почит кон нашиот великан и татко и нема да оставиме можност овој тажен ден за семејството и ромската нација да биде оцрнет, напиша Бајрам на Фејсбук.

 

Треба да знаете
Последни објави