Skip to main content
Македонија

Во сабота официјална промоција на новиот фудбалски терен и маскота на ФК Аеродром

31/10/2024  14:50

В сабота, на втори ноември во 12 часот, официјално ќе биде отворен новиот фудбалски терен на ФК Аеродром. Игралиштето е лоцирано во непосредна близина на училиштето „Александар Македонски“ во Ново Лисиче. Покрај новиот фудбалски терен, на настанот ќе биде промовирано и новото лого на ФК Аеродром и ќе биде прикажана новата маскота на клубот, наречена Дромко.

Настанот ќе биде збогатен со поздравни говори од министерот за спорт, Борко Ристовски, и в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, кои официјално ќе го отворат игралиштето. За музичка поддршка ќе биде задолжен DJ Мац, а химната на настанот ќе ја изведе нашата позната пејачка Сара Мејс.

Новото игралиште, покрај редовните активности, ќе биде достапно и за изнајмување и организирање натпревари, претставувајќи идеална локација за сите спортски ентузијасти.