Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сите 9 судии на Уставен се избрани од 2018 до февруари 2024, кога во судството жареше и палеше ДУИ и СДС

09/12/2024  15:07

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ

Сите 9 судии на Уставен се избрани од 2018 до февруари 2024, кога во судството жареше и палеше ДУИ и СДС.

Дел од судиите во Уставен суд беа жестоки извршители на политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ и како награда седнаа на тие места.

Поигрување со интелегенцијата на народот е циркузот на ДУИ пред Уставен. Нема судија во Уставен кој не е избран од нив.

Доколку имаат проблем со Уставен, само треба да седнат на коалициски состанок со СДС и веднаш ќе го решат, се разбира со тоа ќе ја отповикаат претходната насока која сами ја издале.

Самиот чин од одлучување по прашањето за Законот, до одлуката е веќе искоординиран од СДС и ДУИ.

Судството е последното упориште на криминалците од СДС и ДУИ, кои сега се обидуваат преку злоупотреба на националистички теми да бидат актуелни во јавноста.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ заедно со меѓународните партнери ја следи во целост ситуацијата и нема да дозволи обиди на политички криминалци да и нанесат штета на државата.