Search

ВМРО-ДПМНЕ: Дебакл на СДСМ во Прилеп

Дебакл на СДСМ во Прилеп синоќа и тоа дебакл каков што досега немало.

По метлата на 21 април ова е најава за тотално генерално чистење на 5 мај.

И најголемиот скандал, Заев синоќа слушна од своите сопартијци дека партијата во Прилеп му е група од криминално здружение кое што го уништуваат градот.

Еве што забележаа синоќа Заев и Пендаровски од местото што ја прогласија двојазичноста на Прилеп и новото име на Македонија, именка која што синоќа не ја ни споменаа туку ја заменија до нашата земја, срамно, болно и понижувачки.

Прво го видоа хаосот во Старата чаршија и мега објектите на функционерите на СДСМ, за нив ќе изгубат 5.000 гласа на 5 мај.

Ги видоа тажните лица на пензионерите оние истите на кои што им ветуваа повисоки а добија пониски пензии. Ги видоа работниците од Еврокомпозит кои што 28 месеци ги молат за плата, додека нивните функционери се рафрлаат со народни пари.

Видоа сметки за вода повисоки од 60 проценти, го видоа најнеспособниот градоначалник кој што цели 18 месеци шајка нема заковано.

Слушнаа дека спортот во Прилеп изумре, дека фудбалот и ракометот не постојат откако СДСМ победи. Видоа преплашени директори од закани, дека доколку изгубат ќе бидат разрешени а нивните ново вработени ќе бидат избркани.

Видоа дека на 5 мај ќе доживеат катастрофа во Прилеп. едно е добро за Прилеп моментално дувлото на непотизмот, рекетот и хаосот, добро е што синоќа Заев и Пендаровски ги слушаа само оние непотистички новобработени административци и нивните уценети баби и дедовци, а оние на кои што им е лажно ветено вработување после 5 мај.

Синоќа СДСМ од Прилеп доживеа тежок удар од народот, исто како и на 21 април и свесни се тие дека генералката и нивното чистење започнува на 5 мај.

На крај го повикуваме Основното Јавно обвинителство Прилеп по допрен глас да покрене истрага за тоа какво е тоа злосторничко здружување во Прилеп со оглед дека на синоќешната трибина на СДСМ и Пендаровски, граѓанин посочи дека во градот постојат луѓе кои функционираат на тој начин.

Треба да знаете
Последни објави