Search

(Видео) Ѓоковиќ и Додиќ „главни ѕвезди“ на свадбата кај Мајдов

Српскиот џудист, поранешен светски првак, Немања Мајдов, кој е роден во Источно Сараево денеска заплива во брачните води. На семејната веселба во Сараево младоженецот сепак останал во втор план бидејќи на свадбата „главни ѕвезди“ биле најдобриот светски тенисер, неприкосновениот лидер на АТП-листата без конкуренција Новак Ѓоковиќ и членот на претседателството на БиХ Милорад Додик.

Ѓоковиќ кој денеска ги посети „Босанските пирамиди“ се појави и на свадбата на Мајдов.Младоцженецот заедно со Ѓоковиќ и Додик во добро расположение заедно испеаа две песми, „Романија“ од Халид Бешлиќ и „Пукни зоро“ од Магнифико.

Треба да знаете
Последни објави