Search

(Видео) Скопјанец починал трчајќи на кеј

Телевизија 21ТВ објави дека двајца скопјани починале денекса, едниот на кејот на Вардар, другиот на пазарот во Чаир.

Станува збор за едно лице на кејот на реката Вардар утрово во 9:50 часот, човек кој трчал се струполил и паднал. Констатирана е смрт, а на човекот е отворено истражна постапка.

На пазарот во Чаир претпладнево постар човек починал. Телото е предадено на семејството.

МВР потврди дека во затворот „Скопје“, рано утринава во 4:10 е пронајден мртов 47-годишен притвореник од Ресен. Телото било предадено на обдукција.

Засега ниту еден не се поврзува со заболување на Ковид-19.

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/154326112571670/?t=449

Треба да знаете
Последни објави