Search

(Видео) Презентерката што ја исмеваше вродената мана на Хоакин Феникс се извини

Презентерката Венди Вилијамс (55), една од најпопуларните радио и телевизиски ѕвезди во Америка, ги налути гледачите со своето однесување во своето ток-шоу The Wendy Williams Show, кое се емитува од 2008 година. Таа се исмевала со вродената мана на актерот Хоакин Феникс (45).

„Неговите продорни очи го прават привлечен, но во исто време тој изгледа многу чудно со таа лузна на горната усна. Како се вика тоа? Дали е тоа зајачка уста, расцеп на устата и непцето?“, праша Вилијамс. Притоа таа направила гримаса покажувајќи го тоа на себе.

Прв реагирал Адам Бигил (31), играч на американски фудбал, кој и самиот се родил со т.н. зајачка уста, а поради оваа вродена малформација морал да се оперира и неговиот мал син Бију.

„Нејзините постапки се грозни, неприфатливи и навредливи и јавно повикуваат на малтретирање“, напиша спортистот на „Твитер“, а набргу потоа и пејачката Шер (73) ја нападна Венди Вилијамс.

„Венди, засрами се! Која си ти воопшто? Треба да бидеш отпуштена“, рече Шер, која со години волонтира во Американското здружение за нега на деца со краниофацијални нарушувања.

Вилијамс на крајот се извини на „Твитер“ за суровите коментари што ги дала на сметка на Хоакин Феникс.

Таа исто така вети дека ќе донира пари за операции за да им помогне на семејствата што се борат со такви состојби.

Треба да знаете
Последни објави