Search

(Видео и фото) Три лица на карантинот: Скопје, Дојран, Струга

Дел од скопјани втор ден се во целосен карантин, другиот дел продолжениот викенд за Задушница го поминуваат во Охрид, Струг, Дојран, Маврово… Првите ќе поминат 80  часа затворени во своите домови, за другите полицискиот час почнува секој ден во 16 часот, па времето можат да го потрошат во прошетки по плажи, седење во кафулиња…

Полицијата во Скопје речиси без работа, па дополнителни полициски сили се испратени да им помогнат на колегите во  Охрид и Дојран за да обезбедат порестриктивно почитување на мерките. Заедничко за сите е променливото и дождливо време, колку да не им биде криво на тие што останале дома.

 

Треба да знаете
Последни објави