Search

Американска компанија бара луѓе што ќе патуваат низ светот, ќе пушат трева и ќе добиваат плата за тоа

Компанија Американска бара луѓе што ќе патуваат низ светот, ќе пушат трева и ќе добиваат плата за тоа

,,Хеви хитерс“, калифорниска компанија што се занимава со производство на полнење масло за електрични цигари, бара 20 амбасадори.

Имено, луѓето што ќе ги вработат имаат задача да патуваат низ целиот свет и да пушат марихуана.

Амбасадорите ќе треба да ги промовираат производите на оваа компанија на серија настани во светот и преку социјалните мрежи. Додека бројот на следбениците на социјалните мрежи не е предуслов за добивање на работата, популарноста на „Инстаграм“ сигурно може да помогне.

Амбасадорите ќе бидат платени 1.200 долари месечно и ќе добиваат по 500 долари месечно за производите на „Хеви хитерс“.

За пријавата е потребно да се сними едноминутно видео за себе во кое кандидатот објаснува зошто е многу посебна и совршена личност за промоција на нивните производи, потоа да го објави видеото на „Јутјуб“ и на „Инстаграм“ и да ја пополни пријавата на официјалната страница.

Треба да знаете
Последни објави