Skip to main content
Магазин

Зошто ладниот туш во жешки денови е лош избор?

22/07/2025  16:43


Иако првата помисла во екстремни горештини е да се разладите со ладен туш, експертите предупредуваат дека тоа е голема грешка. Кога телото е премногу загреано или испотено, контактот со ледена вода може да предизвика шок за организмот и да го поттикне телото да се загрее наместо да се разлади.

Науката покажува дека ладната вода го активира природниот одбранбен механизам на телото кој се обидува да ја врати рамнотежата и ја зголемува внатрешната температура. Резултатот е спротивен ефект – после туширањето можете да се чувствувате уште потопло.

Од друга страна, млаката или топлата вода го стимулира природниот систем за терморегулација, ја подобрува циркулацијата и овозможува поефикасно ладење на телото. Дополнително, туширањето со премногу ладна вода на испотено тело може да доведе до настинка или непријатен шок.

Експертите препорачуваат во топли денови да се туширате со млака или топла вода, бидејќи на овој начин телото се лади побрзо и на побезбеден начин