Skip to main content
Македонија

ЗНАМ останува со еден пратеник помалку, Цеков ја напушти пратеничката група

30/04/2026  15:19

Миле Цеков ја напушта ПГ на ЗНАМ која е дел од владејчкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ од денеска ќе дејствува како независен пратеник

“По две години како дел од власта, сакам јасно да соопштам дека од овој момент ќе делувам како независен пратеник кој не е дел од власта. Станав пратеник пред две години за да се обидам да ги променам работите, да побарам одговорност за криминалот и корупцијата, да се борам за промена на системот, но и да покажам дека има место во политиката за чесни и работливи луѓе. Но, за жал, промените не се случуваат, вели Цеков за ТВ 24

Тој не кажува конретно дали власта ја менува со поддршка за опозицијата, но вели отворен е за соработка со сите кои ги делат неговите вредности.

“Не можам да бидам дел од власт и партија што не ги дели вредностите во кои верувам“ заклучи Цеков.