
Метео анализа на Славчо Попоски:
Врнежливото и ветровито време и тоа поради влијанието на циклонската активност која се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент продолжува и во следните денови. Меѓутоа поради продор на значително поладен воздух од север, во четврток на 8 Јануари 2026 (Втор ден Божик) врнежите од дожд освен на повисоките населени места и на планините ќе преминат во врнежи од снег и во повеќето пониски места (Градови) особено во западна Македонија и таму на повисоките и на планинските места ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 15 сантиметри, локално и до па и над 20 сантиметри.
Помала снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри ќе се формира и во дел од пониските места (градови) во западна Македонија. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од јужен, југозападен, западен а потоа и од северен и од северозападен правец. Температурите од четврток 8 Јануари 2026 значително ќе опаднат и тие повторно ќе бидат зимски.
И во Скопје и околината особено во повисоките предели од котлината и на околните планини во четврток на 8 Јануари 2026 ќе има услови за послаби врнежи од снег проследени со повремено засилен ветер од северен правец.
Многу поладно време како што веќе кажав ќе имаме од четврток 8 Јануари 2026 па во деновите потоа кога температурата ќе се искачува во интервалот од 0 до 7 степени а во Скопје до околу 3/4 степени. Многу ладно утро ќе имаме во петок на 9 Јануари 2026 кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен а во повисоките населени и планински места температурата очекувам да се спушти и под -10 степени. Токму поради ниските температури очекувам повторно појава на голомразица.
