Skip to main content
Свет

Жолт метео-аларм во Британија поради обилни дождови

25/01/2026  16:53

Британската метеоролошка служба издаде жолт метео-аларм за следните два дена поради обилни дождови, кои можат да предизвикаат локални поплави и прекини во сообраќајот во јужна Англија, Велс и Северна Ирска.

Првото предупредување се однесува на централните и јужните делови на Северна Ирска, каде можни се прекини во автобускиот и железничкиот сообраќај, како и локални поплави, објави Скај њуз. Метеоролозите предупредуваат и за југозападна Англија и области на исток, речиси до Портсмут и Оксфорд.