Skip to main content
Македонија

Жителите на Аеродром излегоа на протест против загадувањето од Вардариште

03/09/2025  18:19

Во скопската општина Аеродром денеска започна протестот што вчера беше најавен од група граѓани, незадоволни од загадувањето кое доаѓа од поранешната депонија Вардариште.

Жителите велат дека веќе подолг период се соочуваат со неподнослива миризба и загаден воздух кој, според нив, сериозно го загрозува здравјето на населението. Тие порачаа дека нема да се повлечат и ќе продолжат со протести сè додека институциите не преземат конкретни мерки за решавање на проблемот.

Организаторите најавија дека протестите ќе продолжат и во наредните денови доколку не добијат одговори од надлежните.