Skip to main content
Хроника

Жител на Зајас починал откако се превртел со трактор

13/09/2025  15:57

На 12.09.2025 во 19:22 часот во полициското одделение во кичевското село Зајас пријавено е дека на шумски пат во атар на истото село, под трактор „универзал” пронајден е Џ.М.(52) од Зајас. Од извршениот увид констатирано е дека тој, управувајќи го тракторот, изгубил контрола, паднал и бил прегазен од тракторот.

Лекар од Итната медицинска помош од Кичево констатирал смрт без траги на насилство.