
66-годишен жител на гевгелиското село Стојаково вчера бил пронајден починат во неговиот дом во селото, соопшти полицијата.
„На 30.03.2025 во 17.20 часот во ОВР Гевгелија, било пријавено дека во с.Стојаково, општина Богданци, во семејниот дом бил пронајден починат Б.С.(66) од с.Стојаково. Лекар констатирал смрт, без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“, пишува во полицискиот билтен.