Skip to main content
Скопје

Жичницата на Водно нема да работи од вторник до петок

20/04/2026  08:36

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува корисниците дека жичницата „Милениумски крст“ нема да биде во функција во периодот од 21.04.2026 (вторник) до 24.04.2026 (петок), поради вршење контрола од страна на стручни тимови од австриската фирма ,,Допелмаер” (Doppelmayr).

Од 25.04.2026 (сабота) жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците во вообичаеното работно време.