Skip to main content
Хроника

Жена вработена во училиште во Црешево починала на работно место

10/06/2026  18:17

Жена вработена во училиште во скопско село починала на работното место. Трагедијата се случила вчера претпладне откако ѝ се слошило. 

– На 09.06.2026 во 11:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во основно училиште во село Црешево, скопско, каде била вработена, на В.Ѓ.(57) и се слошило и починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција, информираа од МВР во дневниот билтен.